Економија, финансии, бизнис

Контакт

„СЈО е уставно“ – напишаа од „Шарена револуција“

„СЈО е уставно“ – напишаа од „Шарена револуција“

Активисти на „Шарената револуција“ со бои напиша голем број „5“ пред Уставен суд, како опомена дека толку денови остануваат до 18 јуни, а истовремено напишаа и „СЈО е уставно“.

Демонстрантите бараат Уставниот суд да се произнесе за уставноста на СЈО, но и да престане прогонот за сите учесници во протестите на „Шарената револуција“.

Тие бараат и оставка од претседателот Ѓорге Иванов, формирање преодна влада за спроведување на реформските приоритети од извештајот на Прибе, формирање специјално одделение во кривичниот суд за случаите под јурисдикција на СЈО, но и задолжително вклучување на независни претставници на граѓанското општество во процесот на решавање на кризата.

Герила акција на истото место имаше и синоќа.

Ако барањата не се реализираат, граѓаните се заканија дека правдата ќе ја земат во свои раце.

Слично

Поврзани вести