Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЈО: Деновиве ќе биде одземена целокупната документација од Централен регистар

СЈО: Деновиве ќе биде одземена целокупната документација од Централен регистар
Од Специјалното јавно обвинителство денеска со соопштение ја информираат јавноста за одземањето на документацијата од Централниот регистар.
Ова Јавно обвинителство постапувајќи по наредба на Судија на претходна постапка, во текот на вчерашниот ден пристапи кон одземање на предмети - документација од Централниот регистар на Република Македонија, објаснуваат оттаму.
„Наредбата е издадена по барање на ова Јавно обвинителство, откако Централниот регистар во рок од 30 дена не постапи по нашето барање и единствено не извести дека барањето било нејасно, иако во неколку наврати имаше телефонска комуникација со јавни обвинители и истражители во насока на појаснување што се е предмет на нашето барање. Ве известуваме дека во текот на вчерашниот ден, вечерта воспоставена е соработка со Централниот регистар и доставен е дел од бараната документација. Имајќи предвид дека се работи за голем обем на документација,  која е наведена во наредбата за одземање на предмети, за што благовремено ќе ве информираме“- стои во соопштението од СЈО.
Воедно од СЈО изразуваат уверување дека добро воспоставената соработка со Централниот регистар ќе продолжи и во иднина.
Слично

Поврзани вести