СЈО демантира дека директорот на УБК е викнат на распит
Специјалното јавно обвинителство ги отфрли шпекулациите во дел од медиумите дека директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање Љупчо Андоновски е повикан во нивната институција.
Од СЈО преку соопштение до медиумите информираат дека моменталниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Љупчо Андоновски, не е повикан во ова Јавно обвинителство и информациите кои кружат во јавноста дека истиот наводно бил денес на распит, не се точни.
Имено, утрово на социјалните мрежи се појавија информации дека Андонов бил повикан на разговор кај Специјалната обвинителка Катица Јанева.
Кој е Љупчо Андоновски?
Љупчо Андоновски во мај минатата година седна во фотељата на дотогашниот прв човек на УБК Сашо Мијалков, кој си поднесе оставка на функцијата . Андоновски на оваа функција доаѓа од местото началник на Одделот за безбедност и контраразузнавање – Скопје.
Слично
