Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЈО даде позитивно мислење, Камчев и Јанакиески си одат дома

СЈО даде позитивно мислење, Камчев и Јанакиески си одат дома

Бизнисмените Орце Камчев и Цветан Панделевски и другите обвинети во случајот „Империја“ си одат дома, откако Специјалното јавно обвинителство даде позитивно мислење дека нивниот престој во истражниот затвор Шутка може да биде заменет со куќен притвор, односно со поблага мерка на контрола. Исто вакво мислење е дадено и за поранешните владини функционери Миле Јанакиески и Кирил Божиновски, кои беа притворени поради сомневање дека би можеќе да побегнат во странство, откако беа спроведени на истиот ден кога поранешниот премиер Никола Груевски објави дека е во Унгарија.

Предлогот за преиначување на мерката од страна на СЈО е поднесен вчера.

– За причините во интерес на истрагата не можеме да дадеме дополнителни информации, но може да се нагласи дека во случајот „Империја” најважни се материјалните докази кои во оваа фаза успешно се прибавени, нагласуваат од СЈО за МИА.



Слично

Поврзани вести