СЈО бара специјални одделенија кои ќе ги забрзаат истражните постапки
Од Специјалното јавно обвинителство денеска соопштија дека стојат зад идејата за формирање на специјални одделенија.
Додаваат дека тоа ќе биде ефикасно и ќе ги забрза истражните постапки за предметите што ги водат.
„Сметаме дека евентуалното формирање на специјални одделенија е целисходно, меѓутоа нашата работа е да спроведуваме независни истраги и поради тоа не би се впуштале во натамошни коментари“– велат од СЈО.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска категорично кажа дека нема да прифати формирање на специјални одделенија.
За Груевски неприфатлив е и предлогот за продолжување на мандатот на СЈО, затоа што тоа не било предвидено во Пржинскиот договор.
Слично
