Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЈО бара да се замрзне имотот на градоначалникот Талески

СЈО бара да се замрзне имотот на градоначалникот Талески

Специјалното јавно обвинителство побарало замрзнување на имотот на битолскиот градоначалник, Владимир Талески и на други лица во случајот Транспортер, објави Алсат М, повикувајќи се на информација од Кривичниот суд.

Од СЈО изјавиле дека против шест лица е поднесен предлог за обезбедување на имот. Меѓу нив и осомничени во случајот, но и лица кои беа помилуивани од кривичен прогон и дека вкупната вредност за која е уврдено дека е настаната штета е 22 милиони 24 илјади и 891 денар.

За овој случај две лица се во домашен притвор, а на уште девет други им е ограничено движењето со одземање на пасошот или пак не смеат да ја напуштат општината во која живеат.

Во случајот Транспортер се осомничени 22 лица, кои правеле малверзации со парите за превоз на учениците во општина Битола.

Слично

Поврзани вести