СЈО бара да и се одземе пасошот на инспекторката Најдовска
Специјалното обвинителство бара да и биде одземен пасошот на градежната инспекторка од општина Гази Баба, Елисавета Најдовска.
Таа е првоосомничена во случајот „ТНТ“ поради издавање решение со кое незаконски бил срушен објектот „Космос“.
СЈО побарало да и биде ставена и обврската постојано да се јавува во Кривичниот суд. Истите мерки тимот на Катица Јанева ги барал и за останатите тројца осомничени, членови на комисијата за јавни набавки во општината. Скопскиот кривичен суд за барањата на СЈО ќе одлучува на 17 мај, јави 24 Вести. Пред еден месец Специјалното обвинителство објави дека Никола Груевски како претседател на Владата и Миле Јанакиески како министер за транспорт и врски го поттикнале градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски да најде начин и незаконски да го сруши објектот „Космос“. Според СЈО, нарачките ги правела инспекторката.
