Сивата економија навлегува во клучните сектори
Градежништво, угостителство, транспорт, текстилна индустрија, занаетчистов, зелени пазари - цели сектори од македонската економија се под влијание на т.н. скриена или сива економија, која опфаќа меѓу 24 и 47 отсто од брутодомашниот производ на земјава. Во неа се ангажирани дури 22,5% од вкупниот број вработени.
Ова беа податоците изнесени на работилницата „Зајакнување на медиумското известување за скриената економија и корупцијата: најнови трендови и европски искуства“ организирана од Центарот за истражување и креирање политики.
Според европските експерти сивата економија е застапена насекаде, но е најизразена во земјите од Источна Европа. Така, за разлика од Македонија, во западноевропските земји процентот на сивата економија се движи меѓу 12 и 15 отсто од БДП. Во развиените европски земји сивата економија се гледа во работата на бебиситерките, соседската помош или слични работи преку кои граѓаните се обидуваат да избегнат плаќање данок.
Македонија има план за справување со оваа појава, но недостига координација на институциите, истакнува Центарот за истражување и креирање политики.Овој вид економија се формира со години како резултат на високата стапка на невработеност, даночната политика, сложените процедури, но е и резултат на недовербата кон институциите поради селективнноста во примената на законите и казнувањето.
Слично
