Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сивата економија ја лишува Грција со 20 милијарди евра годишно

Сивата економија ја лишува Грција со 20 милијарди евра годишно

Поради даночните измами и шверц, Грција губи до 20 милијарди евра годишно. Ова го изјавил грчкиот заменик-министер за финансии, Трифон Алексиадис во Атина. Грчката служба за борба против финансискиот криминал (SDOE) пријавил за 38 000 случаи на можни злосторства, во кои се вклучени 1,3 милиони поединци и фирми.

За да се утврди идентитетот и на други субјекти што избегнуваат даноци, грчките власти во моментов ги проверуваат и трансакциите на Грците со недвижности во Лондон, како и регистрирани јахти во Холандија, додал Алексиадис. Во прилог на владата на премиерот Алексис Ципрас ќе продолжи за уште една година периодот на ограничување за проверка на т.н. листа „Лагард“, која ги вклучува наводно лицата што избегнуваат плаќање данок.

Во листата се имињата на над 2.000 Грци со сомнителни сметки во швајцарската банка „HSBC“. Поранешниот француски министер за финансии и актуелен шеф на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристин Лагард испратила список во 2010 година до својот грчки колега Јоргос Папаконстантину. Податоците се од поранешниот службеник на „HSBC“ Херв Фалциани кој ги украл и ги врачил на француските даночни власти. Папаконстантину и неговиот наследник Евангелос Венизелос одбиваа во текот на долг период да ги користат податоците од листата.

Се претпоставува дека износите во рангирањето не фигурираат во даночните декларации на засегнатите лица и се кршење на законите и одредбите поврзани со перењето пари.

Под притисок на јавноста грчкото обвинителство почна истрага за да утврди дали има перење пари. Не е јасен точниот износ на изнесената сума - таа се движи од 2 до 200 милијарди евра.

Според Алексиадис во моментов се проверуваат податоците за само 136 од вкупно 2000 лица.

Слично

Поврзани вести