Ситуацијата пред Влада мирна, повредени двајца полицајци
Атмосферата пред Владата е мирна, а дел од присутните веќе почнаа да си заминуваат.
Меѓу присутните демонстранти е и генералот Стојанче Ангелов, претседател на Достоинство кој ја прашува полциијата дали е точно дека меѓу нив има инфилтрирани лица. Ангелов им се обрати на полициските службеници, убедувајќи ги дека треба да бидат на страната на народот. Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше дека сакаат слободни медиуми и фер избори. Уште се скандира „Нема правда, нема мир!“.
Во протестите има повредени двајца полицајци, а повредени демонстранти нема.
Слично
