Економија, финансии, бизнис

Контакт

СИТНО СЕ БРОИ: Вратите на УЈП отворени и денес-побрзајте и регистрирајте се

СИТНО СЕ БРОИ: Вратите на УЈП отворени и денес-побрзајте и регистрирајте се

Од 7.30 до 14 часот регионалните канцеларии на УЈП денеска ќе бидат отворени за граѓаните кои не се регистрирале во системот е-ПДД .

Барања ќе се примаат и денеска и во понеделник до 16.30 часот, кога е последниот ден.

620.000 граѓани треба да бидат регистрирани во системот на УЈП за е - персонален данок.

Обврска да се регистрираат имаат сите физички лица кои имаа остварено приход  како плата, регрес за годишен одмор, приходи од закуп, од добивки од игри на среќа, од странство и други приходи кои подлежат на оданочување со персоналниот данок на доход, заради прием на пополнетета Годишна даночна пријава (ПДД-ГДП) од УЈП, како и заради потврдување или коригирање на податоците за приходите и платениот персонален данок. 

Слично

Поврзани вести