Сител ноќеска „блесна“ во боите на шарена револуција
Непријатно изненадување ги дочека утринава вработените во Телевизија Сител.
Шарените револуционери по полноќ ја посетиле оваа телевизија каде, како што може да се забележи од фотографиите на социјалните мрежи е фрлено боја на објектот каде е сместена.
Имено, протестите на „Протестирам“ продолжија и вчера вечерта во главниот град и во градовите ширум земјава повикувајќи на итно укинување на одлуката на претседателот Иванов да ги аболицира сите кои се опфатени од истрагата поради аферата Прислушување..
Демонстрантите палеа фотографии на сегашните и поранешни претставници на официјалната влада, вклучувајќи го и актуелниот шеф на државата.
Во Скопје демонстрантите, како и обично, се собраа пред Специјалното јавно обвинителстви, изразувајќи и поддршка на таа институција.
Тие побараа неотповиклива оставка од претседателот на владата составена од ВМРО-ДМПНЕ и ДУИ, како и формирање на нова влада со стриктен мандат.
Мета на вчерашниот протест наречен „Шарена револуција“ беше зградата на парламентот која демонстрантите ја гаѓаа со боја.
Протести имаше и во Струмица, Виница, Куманово и Крива Паланка.
ФОТО: Плусинфо
