Економија, финансии, бизнис

Контакт

СИТЕ ЗАКАНИ НА ДЕЛТА ПЛУС КОЈ ВЕЌЕ Е ПРИСУТЕН ВО СОСЕДСТВОТО: Мутацијата е во спајк протеинот кој највлегува во клетките и е многу поагресивен

СИТЕ ЗАКАНИ НА ДЕЛТА ПЛУС КОЈ ВЕЌЕ Е ПРИСУТЕН ВО СОСЕДСТВОТО: Мутацијата е во спајк протеинот кој највлегува во клетките и е многу поагресивен

Новата варијанта на корона вирусот, Делта плус, окарактеризиран како значително позаразен од претходниот, пристигна во регионот и прашање на денови е кога ќе биде регистриран и кај нас, велат некои од експертите. Дел од епидемиолозите и инфектолозите во Србија, пак велат, дека можеби веќе е и присутен во земјата, но се уште немаат потврда, заради што предупредуваат дека оваа варијанта ќе биде позаразна од обичниот сој Делта.

Вирусологот Ана Глигиќ за српски Блиц посочува дека со самиот факт што смрттноста е повисока, очигледно е дека сојот тоа го диригира, и мутираниот сој, како што вели, е многу повирулентен за луѓето. Нема да се ослободиме од ова додека природата не го направи своето. Ние помагаме да се намали малку, но тој постојано мутира. Предвидувањата на руски научник е дека тој би можел да мутира во сој на кој нема да влијаат вакцините. Тоа би било страшно. Меѓутоа, друг познат научник го негира таквото тврдење и вели дека тоа нема да се случи, а природата сепак ќе си го направи своето. Па ќе видиме. За жал, вирусот е во соседствот и ние не може ништо да сториме околу тоа, вели вирусологот Глигиќ.

Пред неколку дена командантот на воената болница во Карабурма, Иво Удовичиќ, за РТС изјави дека има причина за голема загриженост, бидејќи Делта плус варијантата мутирала всушност во СПАЈК протеинот, односно во делот каде што влегува во клетките, што го прави во многу позаразен вид на корона вирусот.

-Сега вирусот е позаразен, ќе придонесе за многу поголем број пациенти на дневна основа и со тоа потешки клинички слики, вели Удовичиќ.


Слично

Поврзани вести