Економија, финансии, бизнис

Контакт

СИТЕ ВРВНИ ЕКОНОМСКИ ИМИЊА КАЈ СПАСОВСКИ - сега е најважна поддршка на здравствениот систем

СИТЕ ВРВНИ ЕКОНОМСКИ ИМИЊА КАЈ СПАСОВСКИ - сега е најважна поддршка на здравствениот систем

Сите врвни економски имиња се собрале денеска кај техничкиот премиер да бараат чаре за економската криза што ја предизвикува коронавирусот.

На иницијатива на претседателот на Владата Оливер Спасовски, денеска се одржа состанок на економскиот совет, ад-хок тело од кое треба да произлегуваат насоки и препораки за справување со последиците по економијата, стопанството и финансискиот сектор од коронавирусот, во кое учествуваат претставници на Академијата на науките и уметностите, претставници на универзитетските заедници, на деловната заедница, како и претставници стопанските комори и на опозицијата.

На состанокот биле и вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска, министерката за финансии Нина Ангеловска, министерот за економија Крешник Бектеши, министерот за земјоделство, Трајан Димковски, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, и министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.

„Учесниците на состанокот на економскиот совет, на кој денеска учествуваа Таки Фити, Абдулменаф Беџети, Зоран Јовановски, Фатмир Бесими, Трајко Славевски, Гордана Димитриеска Кочоска, Никола Поповски, Ванчо Узунов, Светозар Јаневски, Павле Гацов, Борче Треневски, Марјан Петревски, Андреја Јосифовски, Виктор Мизо, Драган Тевдовски, Предраг Трпевски, како и претставниците на стопанските комори Даниела Арсовска, Бранко Азески, Анета Пешева и Неби Хоџа нагласија дека најважниот фокус на мерките за поддршка во справувањето со последиците од коронавирусот треба да финансиската поддршка на здравствениот систем за да се превенираат и последиците по јавното здравје за да не се случи подраматично влијание и штети во економскиот и финансискиот сектор“, стои во владиното соопштение.

Премиерот Спасовски рекол дека Владата ќе биде целосно посветена да ги прифати и примени најсоодветните мерки за заштита на здравјето и безбедноста на граѓаните, како и за условите за одржување на економијата во оваа ситуација.

Слично

Поврзани вести