Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сите терористички напади во Турција во последните 7 години: Најмалку 408 лица се убиени

Сите терористички напади во Турција во последните 7 години: Најмалку 408 лица се убиени

Вчера Турција повторно беше мета на напади од терористи. Во познатата пешачка зона Таксим, во Истанбул била поставена експлозивна направа која се активираше при што загинаа шест лица загинаа, а 53 се повредени.

Мотивот за нападот се уште не е познат, но претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган во своето обраќање рече дека има „мирис на терор“.

Оваа експлозија повторно ги потсети граѓаните во Турција на страшните напади што се случија меѓу 2015 и 2017 година низ целата земја. За повеќето од овие напади преземаа одговорност од ИСИС и забранетите курдски групи.

За жал во земјата се имаат случено повеќе терористички напади, а во продолжени се дел од неколкуте напади кои се случија во Турција во последните седум години:

Ноември 2022 година

Најмалку шест лица загинаа во експлозија што вчера се случи во една од пешачките зони во Истанбул.

Веднаш по нападот почнаа да кружат видеа и фотографии од местото на настанот, а многу официјални лица во Турција и ширум светот го осудија нападот и изразија сочувство до семејствата на жртвите.

Истрагата се уште е во тек, а ниту една организација се уште не ја презела одговорноста за нападот, пишува Ал Џезира.

Септември 2019 година

Седум лица загинаа, а десет од нив се ранети во нападот што се случи во југоисточната турска провинција Дијарбекир. Нападот се случил кога експлодирала импровизирана експлозивна направа која била поставена на средината на патот. Во нападот загинале жителите на блиското село кои минувале во моментот на експлозијата.

Јули 2019 година

Три лица загинаа во експлозија на бомба која била прикачена на автомобил во градот Раџханли. Овој град се наоѓа на југот на Турција во близина на границата со Сирија.

Два напади во јануари 2017 година

Во нападот што се случи пред судот во Измир загинаа две лица, меѓу кои и еден полицаец. Во вториот напад што се случи во ноќен клуб во Истанбул.

Декември 2016 година

38 лица, главно полицајци, загинаа во две експлозии што се случија во Истанбул на крајот на 2016 година. Во нападите беа ранети околу 160 луѓе.

Ноември 2016 година

Исламската држава ја презеде одговорноста за нападот, кој се случи во југоисточна Турција, во област која претежно е составена од Курди. Во овој напад животот го загубија девет лица.

Октомври 2016 година

18 лица загинаа во нападот со автомобил-бомба на воената станица. Терористичкиот напад се случил во провинцијата Хакари, која се наоѓа на југоистокот на Турција.

Август 2016 година

Повеќе од 50 луѓе загинаа, а десетици се ранети во самоубиствен напад на свадба во провинцијата Газиантеп.

Оваа провинција се наоѓа и во близина на границата со Сирија.

Јуни 2016 година

Во нападот на главниот аеродром Ататурк во Истанбул загинаа најмалку 41 лице, а 239 се ранети.

Март 2016 година

Пет лица загинаа, а 36 се повредени откако бомбаш самоубиец активираше експлозив во популарното шеталиште. 

Тоа е истата улица каде што се случи и денешниот напад.

Во вториот напад што се случи во Анкара истиот месец, загинаа 37 лица, а 70 од нив се хоспитализирани.

Февруари 2016 година

Откако во центарот на Анкара беше активирана бомба која беше закачена на автомобил, загинаа 28 лица, а 60 од нив беа ранети.

Октомври 2015 година

Во две експлозии на раскрсница во центарот на Анкара загинаа 95 лица, а речиси 200 беа повредени.

Август 2015 година

Седум лица се повредени во бомбашкиот напад на полициската станица во Истанбул.

Меѓу нив има двајца цивили и пет полицајци.

Јули 2015 година

Најмалку 30 лица загинаа, а околу 100 се повредени во експлозија во градот Ќуруч во југоисточна Турција.

Фактор објави дека има две верзии како се случи вчерашниот напад во Истанбул. 

Фото: EPA/ ERDEM SAHIN

Слично

Поврзани вести