Економија, финансии, бизнис

Контакт

СИТЕ СРЕЌНИ И ЗАДОВОЛНИ: Работат само четири дена во неделата

СИТЕ СРЕЌНИ И ЗАДОВОЛНИ: Работат само четири дена во неделата

Во британиски фирми четири дена се работи, a три се викенд.

Mали британски компании воведоа четиридневна работна недела за вработените. 

Oва е дел од идеите дека помалку работа може да донесе за поголема продуктивност и подобра рамнотежа помеѓу приватниот и професионалниот живот. 

Работодавачите експериментираат со давање три слободни денови неделно на своите работници додека ја задржуваат истата плата.

И фирмите и вработените се задоволни од оваа постапка.

Од стартот на оваа година, тоа веќе го направија Synergy Vision, Elektra Lighting, Lara Intimates и Intrepid Camera. The Wellcome Trust е најголемиот работодавач во Велика Британија и тие размислуваат за воведување тест фаза за своите 800 вработени, објави Гардијан.

Лани ваква работна недела воведе и компанија во Хрватска. 

Вакви предлози имаше и во Австрија, а експеримент е направен во Нов Зеланд. Работеле 4 дена, а се платени за 5 дена и ваквото работење дали ефекти. 

Слично

Поврзани вести