Сите средношколци од Загреб од понеделник се враќаат во училишните клупи
Откако Службата за образование на градот вчера предложи средношколците од Загреб да се вратат на училиште, тамошниот Кризен штаб овој предлог го поддржа и донесе одлука од понеделник сите групи ученици да бидат во училиштата.
Да потсетиме, Градската канцеларија изјави дека причините за враќање во училиштата се дека епидемиолошката состојба е нешто поповолна во градот Загреб и дека општата популација е повакцинирана.
Другите окрузи ќе донесат свои одлуки за наставата во нивните области.
Слично
