Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сите со исчекување на договорот – Неизвесна иднината на Македонија!

Сите со исчекување на договорот – Неизвесна иднината на Македонија!

Очите и ушите на граѓаните во моментов се свртени кон договорот кој вечерва треба да биде официјално соопштен дали ќе има или нема избори на 24 април .

Се чека одлуката на Собранието дали Законодавниот дом ќе се распушти а според медиумите седницата ќе биде околу 23 часот.

Иницијативата да се одложи датумот за распуштање на Собранието е влезена во процедура, а некои медиуми велат дека за неа ќе гласаат ВМРО ДПМНЕ, ДУИ И ДПА, СДСМ нема да гласа за, бидејќи верчерва не се постигна договор за медиумите.

Според извори на 24 вести опозиционерите нема да гласаат ниту за измена на изборниот законик, доколку во него биде фиксиран датумот  5 јуни.

Во моментов се очекува прес на владеачката партија.

Слично

Поврзани вести