Сите се грижеа, но Брегзит прави чуда - Британија покомпетитивна од било кога
Најновата анализа на Светскиот економски форум изгласувањето на Брегзит може да значи зајакнување на британската економија која сега е седма во светот по компетитивност и ги надмина моќните Јапонија, Хонг Конг и Финска со скок од три места или највисок рејтинг во последната декада.
Според СЕФ причината за поголема компетитивност на британската економија е што ќе може автономно да одлучува за финансиските, економските и социјалните политики, наместо да ги следи директивите на ЕУ. Исто така добар дел од бизнис регулативата може да претрпе реформи за да се прилагоди на британските услови наместо да ги почитува стандардите на Брисел кои предизвекуваат нивелирање на европската конкурентност, но внатре меѓу државите членки.
Светскиот економски форум ја пофали британската инфраструктура, квалитетниот обрзовен систем, поврзаноста со интернационалниот пазар, развиената технологија и индустрија и стабилноста на банките како главни идникатори за компетитивноста.
