СИТЕ САКААТ ВО ГЕРМАНИЈА: За викендов во Австрија влегле 15.000 бегалци, азил побарале само 90!
Во текот на овој викенд во Австрија од Унгарија влагле 15.000 бегалци, од кои повеќето го продолжиле патот кон Германија, потврдил синоќа портпаролот на Министерството за внатрешни работи на АвстријаКарл Хјанц Гриндбек.
Само 90 лица поднеле барање за добивање азил, наведува тамошното министерство. Моментално, како што е кажано, информциите кои се добиваат од унгарска страна се скромни, поради што е невозможно да се даде сериозна проценка за понатамошниот прилив на бегалци.
На граничниот премин Никелсдорф, преку кој влегол голем бран на бегалци во текот на изминатите два дена, состојбата е мирна, а таму веќе нема бегалци кои треба да се префрлат до Виена. Полицијата оценува дека очигледно се поминало и дека Унгарците веќе нема да праќаат нови автобуси кон границата.
