Сите сакаат долар, ама не американски
Доларот вчера ослабна во однос на повеќе валути, со оглед на тоа дека инвеститорите ќе треба да проценат дали Фед ќе ги зголеми каматните стапки.
Ова придонесе австралискиот долар да зајакне на највисоко ниво од април годинава.
По слабите податоци за продуктивност, американскиот долар ослабна во однос на доларот и јенот. Со тоа е исцрпена добивката од минатата недела на основа на добиените податоци за вработеност во САД.
Доларот ослабна на 0.6% на 101,28 jена, а во понеделник се сведе на 102,66 јени.
Еврото зајакна за 0.5% на 1,1173 долари, забележувајќи петдневен максимум од 1,1184 долари.
Доларскиот индекс падна за 0,6%, на 95,577 поени.
Фунтата зајакна за 0.5% на 1,3061 долари, опоравувајќи се од нивото 1,2956 долари забележан во вторник, што е нјаниско од 11 јули.
