Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сите сакаат да примаат пари, никој не сака да дава!

Сите сакаат да примаат пари, никој не сака да дава!
Невработените Британци во Европа земаат многу повеќе помош од богатите земји во Европската унија, отколку нивните граѓани во Велика Британија. Податоците се спротивни на тврдењето на британската влада дека има прилив на имигранти во земјата, чија цел е само да уживаат во подобрите социјални бенефиции. Најмалку 30 000 британски граѓани уживаат помош за невработени во земјите од Европската унија покажа истражување на The Guardian. Истражувањето е базирано на одговорите на 23 од останатите 27 земји од Унијата. Истражувањето покажува дека има речиси четири пати повеќе Британци на социјална помош во Германија отколку Германци во Велика Британија. Бројот на невработените Британци кои земаат парична помош во Република Ирска го надмина оној на ирските им "колеги" во Велика Британија со сооднос од пет наспрема еден. grafika socijala Не само што има повеќе Британци кои користат социјални услуги во овие земји, отколку обратно, туку и често помошта во Европа е многу по великодушна од онаа на Островот. Еден Британец во Франција зема повеќе од три пати повеќе од невработен Французин во Обединетото Кралство. Истражувањето беше објавено откако германската канцеларка Ангела Меркел го посети Лондон овој месец за средба со премиерот Дејвид Камерон. Британскиот премиер води кампања за "реформирање" на правилото на Европската унија за слобода на движењето на луѓето, како дел од обидот да ги измени условите на членството на земјата во Унијата. Тој нуди тоа да се гласа на референдум во 2017 година, ако тој се уште е на власт по изборите оваа година. Во Финска, Шведска, Данска, Белгија, Луксембург, Германија, Австрија, Франција и Ирска, бројот на Британците, корисници на помош за невработени е речиси три пати повисок отколку вкупниот број на граѓаните од овие земји, ја уживаат оваа услуга на Островот - 23 011 Британци наспроти вкупно 8 720 граѓани на овие земји. Студијата нагласува дека сликата во Европа е многу суптилна и покомплексна отколку поедноставената верзија, која ја изнесуваат некои политички партии на Островот. Околу 2,5% од Британците во други земји од ЕУ користат помош за невработеност. Тоа е приближно истото ниво што одговара на 65 000 граѓани на ЕУ кои користат помош во Велика Британија. Податоците покажуваат поделеност по оската исток-запад во моделот на кој Британците имаат корист од дарежливите социјални програми, како и поделба север-југ. Сликата е многу поразлична во посиромашните источноевропски земји, кои се приклучија на Европската унија во текот на последната деценија. Во нив речиси нема Британци кои уживаат социјална помош. К.К.
Слично

Поврзани вести