Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сите премиери од Балканот ќе се соберат во Лондон

Сите премиери од Балканот ќе се соберат во Лондон
Премиерите на Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија ќе се соберат на 24 февруари во Лондон на инвестициски форум, во седиштето на Европската банка за обнова и развој. Овој прв самит на земјите од т.н. западен Балкан во канцелариите на ЕБРД треба да им даде можност на бизнис лидерите и меѓународните компании да научат повеќе за овие земји и за улогата што ја врши ЕБРД во овој регион, стои на интернет страницата на Банката.
„Идејата е целиот регион да го претставиме како инвестициска дестинација. Се надеваме дека оваа конференција, освен што ќе го олесни пристигнувањето на толку потребните странски инвестиции, ќе испрати и силна политичка порака за зрелоста и стабилноста на тој регион“, изјави политичкиот советник на претседателот на ЕБРД Олег Левитин.
Меѓу главните теми на форумот ќе биде интеграцијата на регионот преку патните коридори, гасоводите, ширењето на преработувачкиот сектор и другите проекти.
„Интеграцијата на регионот мора да се стави како приоритет“, вели директорот на ЕБРД за Западен Балкан Клаудио Виецоли.
За ЕБРД, помошта и промовирањето на земјите од западниот Балкан е особено важно за да се унапреди развојот на овој регион и да се зајакнат неговите потенцијали. Овие држави веќе имаат корист од Заедничкиот акциски план, во рамките на кој ЕБРД се обврза дека во периодот 2013-2014 година ќе инвестира над 30 милијарди евра во земјите од централна и југоисточна Европа.
Слично

Поврзани вести