Сите очи вперени во Бугарија откако најави дека се откажува од рускиот гас
Компанијата соопшти дека досегашните барања за испорака изнесуваат 106,6 милиони кубни метри
Сите очи сега се вперени во Бугарија, откако тамошните власти најавија дека нема да го обноват договорот со Гаспром за снабдување со природен гас, туку ќе размислат за алтернативни испораки и иден договор со Европската унија за да се избегне недостатокот на овој извор на енергија.
- Во оваа ситуација нема шанси да разговараме со Гаспром. Разговаравме и со Грција и со Турција да ја искористиме постојната инфраструктура за снабдување со ЛНГ и да ги зголемиме испораките од Азербејџан, со кој земјата има договор. Владата се надева дека до крајот на летото ќе профункционира заедничкиот механизам на Европската унија за снабдување, што ќе му овозможи на овој блок да преговара по подобри цени - изјави Васиљев за националното радио БНР.
Информацијата дека неделава ќе се одржат состаноци меѓу владите на ЕУ и САД со цел да се зајакне одговорот на Западот кон Москва поради нападот врз Украина, а ЕУ ќе разгледа забрана за увоз на нафта од Русија, додаде дополнителна конфузија во соседна Србија .
Како што ги коментираше одговорите на новинарските прашања српскиот претседателот Александар Вучиќ, не е сигурен дека прекинот на увозот на гас е лесен за спроведување, бидејќи нема доволно гас од Каспиското Море. По тој повод, претседателот најави дека Србија ќе разговара за нов договор со Гаспром.
- Ние велиме дека сакаме руски гас од Турскиот поток и за тоа плаќаме транзитна такса. Тоа што тие (Бугарите) сакаат е нивна работа, посочи претседателот.
Тој денеска изјави и дека иако доаѓаат летните месеци, а е помала потрошувачката на енергија, подготовките за следната зима треба да почнат на 1 мај.
Директорот на Србијагас, Душан Бајатовиќ, зборувајќи за веста дека Бугарија се откажува од рускиот гас и Гаспром, рече дека тоа се празни соништа.
Тој посочи дека се уште не е јасно со каков гас би се снабдувала Бугарија, ако не е руски, додавајќи дека целата ситуација укажува дека сето тоа е резултат на политички притисок.
- Бугарија не може да го прекине снабдувањето бидејќи би останала без гас. Тоа е политичка изјава и притисок врз неа да се приклучи на санкциите, објасни тој.
Бајатовиќ додаде дека Европа троши 600 милијарди кубни метри гас.
- Дел од тоа е наше сопствено производство, а 109 милијарди се од Норвешка, додека 200 милијарди кубни метри се од Русија. Канада и Америка, дури и да имаат транспортни бродови, може да фрлат и до 100 милијарди кубни метри. Но, бидејќи се очекува растот на потрошувачката да достигне 700 милијарди, тоа не е доволно, рече Бајатовиќ.
- Сега гасот максимално минува низ Украина. Тоа е работа на развиениот Запад, додаде тој.
Гасот непречено тече низ Украина
Гаспром денеска објави дека ќе продолжи да ја снабдува Европа со гас преку територијата на Украина, во согласност со барањата на европските потрошувачи. Според Ројтерс, вчера биле испорачани 106,6 милиони кубни метри гас.
Компанијата објави дека барањата за испорака до денес изнесуваат 106,6 милиони кубни метри, пренесува Ројтерс.
Енергетско вмрежување
Војната во Украина ја принуди Европската унија да ја промени својата енергетска политика и да ја намали зависноста од Русија, нејзиниот најголем снабдувач. Минатата недела Европската комисија претстави план за промена на добавувачите на речиси две третини од увозот на руски гас оваа година и постепено елиминирање на зависноста од сите фосилни горива од Русија до 2027 година.
