Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сите мерки од четвртиот пакет: Кој во која категорија спаѓа?

Сите мерки од четвртиот пакет: Кој во која категорија спаѓа?

Владата денеска го усвои Четвртиот пакет економски мерки вреден 470 милиони евра за поддршка на најпогодените сектори и најпогодените граѓани за надминување на последиците од пандемијата.

Четртиот пакет има 31 мерка за директна поддршка за економска и социјална сигурност на граѓаните, поттикнување на приватната потрошувачка.

Ова се дел од мерките за поддршка на компаниите и граѓаните:

Поддршката за исплата на плати до крајот на годината која ќе биде скалеста од 14.500 до 21.776 денари. Ќе се поддржат 250.000 работни места со 70 милиони евра

Платежни картички од 6.000 денари за ранливи категории на граѓани во вредност од 27,6 мииони евра

Дополнителни 3 месеци грејс- период за бескаматните кредити од Ковид 1 преку Развојната банка на Северна Македонија

Дополнителни 100 милиони евра за евтини кредити преку Развојната банка на Северна Македонија

Бруто –плата од 21.776 денари за 150 регистрирани туристички водичи

Враќање на платена туристичка такса за 2019 година на 4.700 субвекти во вкупна вредност од 2 милиони евра

Грантови од 3.000 до 7.000 евра за туристичките агенции

Грантови од 3.000 до 10.000 евра за регистрирани ресторани за свадби

Грантови од 1.000 до 5.000 евра за игротеки за деца

Продолжување на лиценците за работа на дискотеки, ноќни клубови, транспотери

Намалување на ДДВ на занаетчиски услуги од 18% на 5%

10% на ДДВ за ресторантски и услуги за служење на храна и пијалоци

Ослободување од ДДВ за донации до крај на 2021 година

Викенд без ДДВ за домашни производи и ИТ опрема (10,11,12 октомври)

Државна гаранција за кредити и Царинска гаранција за царински долг

Преполовена казнена камата за јавни давачки до крај на 2021

Признавање на расходите за приватно здравствено осигурување за вработени и за тестови за Ковид

Доплнително одложување на отплатата на кредити за компаниите

Автономни мерки за укинување на увозни давачки за одредени суровини

Поддршка на производители, преработувачи и извозници на грозје, наливно вино и вино во шишиња


Слично

Поврзани вести