Економија, финансии, бизнис

Контакт

Некои медиуми не се придржуваат до професионалните стандарди

Некои медиуми не се придржуваат до професионалните стандарди
Дел од медиумите не се придржуваат до принципите на професионално, објективно, точно, избалансирано и непристрасно информирање. Ова е заклучокот на Советот за етика во медиумите, од каде потенцираат дека Повелбата за етичко известување за изборите ја потпишале повеќе од 90 медиуми. Некои од новинарите и понатаму се во служба на политичарите или други центри на моќ. „Трендови на фаворизирање и демонизирање на политички субјекти, пропагандистичко информирање, уреднички манипулации и ставање на стари изјави во некои нови контексти“ - изјави  Марина Тунева, директор на Советот. Советот за етика во рок од месец дена доби повеќе од 20 жалби против некои медиуми и национални телевизии. „Во 11 случаи станува збор за неточно, нефер известување, нарушување на приватноста и клевети, во 6 случаи за нефер и неточно информирање“ - вели Мирче Адамчевски, претседател на Комисијата за жалби. На новинарите им порачаа да ја кажуваат вистината и да известуваат избалансирано.  
Слично

Поврзани вести