Економија, финансии, бизнис

Контакт

СИТЕ ИМ ЗАВИДУВААТ: Најдобрите парови во хороскопот!

СИТЕ ИМ ЗАВИДУВААТ: Најдобрите парови во хороскопот!

Односот помеѓу Лавот и Овенот никогаш нема да биде  досаден затоа што двата знака уживаат во забавата, но и во взаемната љубов, додека Ракот на Девицата и пружа емоционална сигурност во која таа ужива.

Овен и Водолија

Водолијата сака независност и еднакво е жестока како и Овенот, но иако проблеми секогаш има, тие едноставно не можат еден без друг бидејќи се привлекуваат како магнет. Најголем проблем може да биде ако Овенот сака да доминира во врската,  што гордата Водолија никогаш нема да го дозволи.

Овен и Близнаци

Оваа врска е секогаш страствена. Тие се неуморни, активни и секогаш трагаат по нешто ново. Проблем ќе настане ако Овенот сака да биде лидер. Но, во тој случај Близнаците ќе треба да научат да живеат со тоа. Оваа врска е совршена бидејќи меѓусебно се надополнуваат. Овенот е драматичен, а Близнакот приземјен.

Овен и Лав

Двата знака се ексентрични и страствени. Совршено се согласуваат во кревет. Врската ќе ја надополнаат со одличната смисла за хумор. Можен е проблем кога Овенот ќе почувствува дека веќе не е доминантен, а Лавот потајно ја сака таа улога. Но, ако го надмнат тоа и се одлучат за компромис, оваа врска брзо може да се круниса со брак. Ќе направат се за врската и бракот да успее.

Овен и Стрелец

Оваа љубовна приказна има голем потенцијал. Овенот е интензивен, додека Стрелецот сака забава. Двата знака се физички и емоционално силни и подготвени за компромис. Постојано треба да имаат активности кои ќе го потхрануваат нивниот натпреварувачки дух. Но, токму тој може да ги одведе на друго место и кај друга личност....

На Бикот најмногу му одговараат Ракот, Девицата, Рибите и Јарецот.

Бик и Рак

Биковите  и Раковите се многу компатибилни што се однесува на љубовниот однос. Биковите сакаат да пружаат неограничена љубов а Лавот тоа го цени. Ракот сака да биде сакан, ценет и заштитен, а Бикот може да му го пружи сето тоа. Двата знака сакаат тивки и мирни вечери.

Бик и Девица

Девиците се познати по својата практичност и желбата за совршенство, затоа Биковите се нивни идеални партнери, тие ги испонуваат нивните високи стандарди. Двата знака се романтични и уживаат во тивки вечери со свеќи. Проблем може да настане кога Бикот ќе го изгуби интересот за секогаш совршената Девица.

Бик и Јарец

Овие знаци се совршени еден за друг. Многу се темелни  дури и кога ќе се заљубат не губат глава. Најважно им е  семејството и домот, па многу брзо ќе се одлучат за семејство. Почит, взаемна љубов и искреност се особини кои ги ценат двата знака. Единствениот проблем со кој може да се соочат е рутината.

Бик и Риби

Врската помеѓу овие знаци е многу складна. Двата знака се опуштени и сакаат да уживаат во моментите. Бикот ја цени романтичнста и нежноста кои ги наоѓа во Рибата, додека на Рибата  и  е најважна стабилност и сигурноста која им ја пружа Бикот. Помеѓу нив прво се раѓа пријателството па потоа љубовта.

На Близнаците најмногу им одговараат Лавот, Овенот, Водолијата и Вагата.

Близнаци и Лав

Љубовната врска помеѓу нив е страствена. Тие максимално уживаат еден во друг. Обожаваат романтика, а тоа ги спојува пред се. Лавот секогаш ќе ја нагласува својата несебична љубов кон Близнаците. Проблем може да настане кога Лавот ќе започне да биде љубоморен на претераното кокетирање на Близнаците. Па, Близнакот ќе мора малку да се смири.

Близнаци и Овен

Оваа врска е секогаш страствена. Тие се неуморни, активни и секогаш трагаат по нешто ново. Проблем ќе настане ако Овенот сака да биде лидер. Но, во тој случај Близнаците ќе треба да научат да живеат со тоа. Оваа врска е совршена бидејќи меѓусебно се надополнуваат. Овенот е драматичен, а Близнакот приземјен.

Близнаци и Вага

Овие два знака се совршен пар. Поседуваат се што им е потребно за цврста и стаилна врска. Страствени се и никогаш не се љубоморни. Никогаш нема да си ја ограничат слободата еден на друг. Проблем ќе настане кога ќе ја загубат довербата еден во друг.

Близнаци и Водолија

Водолијата е полна со изненадувања и постојани промени кои совршено им одговараат на Близнаците. Променливите Близнаци тешко ќе се прилагодат на цврстите ставови на Водолијата. Сакаат да се дружат, да имаат голем број на пријатели, што на љубоморната Водолија нема да и се допадне. Многу добро ќе се согласуваат во кревет. Оваа врска еден ден ќе се претвори во шармантен брак.

Ракот најдобро се согласува со Шкорпија, Риби, Бик и Девица

Рак и Бик

Биковите  и Раковите се многу компатибилни што се однесува на љубовниот однос. Биковите сакаат да пружаат неограничена љубов а Лавот тоа го цени. Ракот сака да биде сакан, ценет и заштитен, а Бикот може да му го пружи сето тоа. Двата знака сакаат тивки и мирни вечери.

Рак и Девица

Девицата му ја дава на Ракот емоционалната сигурност која му е потребна. Уживаат во тоа дека се надополнуваат еден со друг. Тоа брзо ќе премине во зависност на еден од друг. Љубовните односи им се цврсти и стабилни.

Рак и Шкорпија

Оваа врска има голем потенцијал. Проблем може да се јави кога Шкорпијата ќе сфати дека Ракот е премногу емотивен за нив. Шкорпијата мора да биде свесна дека никако не смее да биде остра на зборови, затоа што емотивниот Рак брзо ќе се повлече и на оваа врска ќе и дојде крајот.

Рак и Риби

Турбулентна врска. Може да нема страст. Познато е дека Ракот е променлив. Двата знака живеат во свој свет и ретко кога на животот гледаат реално и со отворени очи. Токму поради тие розови очила може да имаат проблеми.

На Лавот му одговараат Овенот, Близнаците, Стрелецот и Вагата.

Лав и Вага

Лавовите се површни, па повеќе ги привлекува надворешниот изглед, што многу и смета на Вагата која го цени внатрешниот изглед. Па, токму поради тоа совршено си одговараат. Тајната на нивната успешна врска е тоа што лесно се согласуваат за компромис и се држат до него. Совршено се согласувааат во кревет. Ќе имаат врска исполнета со забава и смеа.

Лав и Стрелец

Во постојана потрага по авантура се. Страствени се и бараат многу внимание. Она што ја прави оваа врска посебна е голмата меѓусебна љубов, почитување и верност. Секогаш ќе се посветат еден на друг и ќе направат се оваа врска да успее.

На Девиците им одговараат Биковите, Јарецот, Шкорпијата и Ракот.

Девица и Јарец

Помеѓу нив ќе нема турбуленции и кавги, бидејќи доминантната Девица ќе ја води главната улога. Проблем може да има само кога на Девицата ќе и се здосади да биде шеф. Решението е некогаш Јарецот да ја земе таа улога. Двата знака се интелигентни, практични и уживаат кога го анализираат својот партнер.

Слично

Поврзани вести