Економија, финансии, бизнис

Контакт

СИТЕ ГЛЕДААТ ВО АХМЕТИ: Избори во јуни или влада на широка коалиција?

СИТЕ ГЛЕДААТ ВО АХМЕТИ: Избори во јуни или влада на широка коалиција?
Потегот на ДУИ открива дека ќе имаме интересни неколку денови, додека откриеме што ќе се случува на сцената. Избори на 5 јуни, нова широка коалиција или старава ќе продолжи како и досега, со само неколку рокади во тимот на Димитриев? Експертите едногласно коментираат дека одлуката на ДУИ е себична, поттикната од партиски мотиви за враќање на единството во партијата, начнато одамна, а кое кулминираше со објавување на телефонските секс скандали. Партиите од македонскиот блок чекаат ДУИ да обелодени како ќе дејствува. Самостојно или под притисок на Американците. Ако САД имаат вмешано прсти во одлуката, тогаш разврската сосема извесно ќе оди кон создавање Влада на широка на коалиција и одложување на изборите за една година. Ако пак станува збор за двојна игра на ДУИ и ВМРО ДПМНЕ, тогаш најверојатно ќе се бетонира изборниот датум, во услови на нерегулирана медиумска сфера и недоисчистен избирачки список. Досегашната генеза на случувањата покажува дека ДУИ не би одел против интересите на меѓународната заедница, така да наредните неколку дена ќе покажат и дали интересот на меѓународната заедница се поклопува со очекувањата на експертската јавност, која генерално смета дека Македонија е се уште неподготвена за избори. Како и да е до среда вечер ќе мора да има одлука, зашто во четврток се распушта парламентот.
Слично

Поврзани вести