Сите гинеколози во Домот за здравје во Пирот осомничени за мито!
Српската полиција во Пирот уапси едно лице под сомнение дека нудело мито, но и шестмина лекари-гинеколози за кои се сомнева дека поткупот го примиле.
Се сомнева дека едно лице, сопственик на приватна специјалистичка гинеколошка ординација, ги поткупувало лекарите давајќи им процент да му препраќаат пациенти од здравствениот дом во кој работеле во неговата ординација.
Договорот им траел повеќе од две години, во кои лекарите му ги испраќале пациентите, а добивале 10% од цената на здравствените услуги извршени во приватната ординација.
Анализите и интервенциите за кои ги упатувале пациентите во приватната ординација, всушност можеле да се направат на трошок на Фондот за здравствено осигурување.
Акцијата на полицијата буквално ја парализираше гинеколошката служба во Домот за здравје во Пирот, бидејќи уапсени се сите гинеколози кои работат во оваа здравствена установа. Сите пациентки се препраќаат во Општата болница, бидејќи во здравствениот дом нема кој да ги прегледа.
Слично
