Економија, финансии, бизнис

Контакт

СИТЕ ДЕТАЛИ: Koj и зошто ja уништувал опремата за прислушување во МВР

СИТЕ ДЕТАЛИ: Koj и зошто ja уништувал опремата за прислушување во МВР

Опремата со која било спроведено незаконското прислушување била уништена од страна на службени лица во МВР.

Во новиот случај „Тврдина” покренат од специјалното јавно обвинителство осомничени се тројца началници од Одделот за безбедност и контраразузнавање при МВР, кои заедно со  поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска,на почетокот на 2015 уништиле средства за следење на комуникации.

Незаконско формирање на комисија за попис, уништување на траги, конспиративно носење и уништување на опрема на отпади за старо железо, прикривања, фалсификување на документација, антидатирање на материјали во архивата на Министерството за внатрешни работи (МВР) се дел од работите што осомничените во случајот „Тврдина“ на СЈО ги направиле за да се ослободат од двата системи за прислушување вредни 10 милиони евра.

Според СЈО, наредбата ја дал првоосомничениот началник на Петтата управа во УБК- Горан Грујевски,  за да прикрие други лица кои незаконски прислушувале.

Станува збор за два системи за следење на комуникации, од кои едниот бил исклучен од употреба во 2009 година, а другиот бил во употреба до неговото уништување.

Опремата била однесена на отпад на 2-ри март 2015.

Откако целата опрема и системи биле ставени во пресата за ништење и пресувани, остатоците биле избалирани и оставени на отпадот, кој простор бил набљудуван од страна на припадници на УБК.

Петмина вкупно се осомничени во овој случај.

Од СЈО соопштија дека ќе побараат Судот на дел од осомничените да им биде изречена забрана за напуштање на живеалиште и да им биде одземена патната исправа, со обврска редовно да се јавуваат во судот, додека за делата кои ги сториле следуваат затворски казни од 5 до 20 години.

Слично

Поврзани вести