Економија, финансии, бизнис

Контакт

СИТЕ ДЕТАЛИ: Кој и зошто го уби младиот охриѓанец?

СИТЕ ДЕТАЛИ: Кој и зошто го уби младиот охриѓанец?

Новогодишната прослава беше кобна за младиот Димитар Матилоски од Охрид, кој на улица беше претепан до смрт.

За убиство на 27-годишниот охриѓанец, во моментот се уапсени и притворени тројца српски државјани.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.У. (29) од Краљево-Република Србија. Во пријавата, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“ во убиството, притворени се и М.П.(26) и Ѓ.П.(25) и двајцата од Краљево-Република Србија. На сите тројца им е одредена мерка притвор од 30 дена.

Бруталното убиство на младиот Матилоски се случи на први јануари околу 02:30 часот во кафе барот „Табана“ на улицата „Цар Самоил“ во Охрид.

Несреќниот настан започнал со жестока расправија во барот меѓу Матилоски и двајца негови другари и тројцата Срби. Во вербалната расправија настанала и меѓусебна турканица во објектот „Табина”, каде имало новогодишна забава, и каде биле сместени тројцата осомничени.

По расправијата, Матилоски излегол од локалот и тргнал да си оди дома. Веднаш по него излегол и првиот осомничен, со намера да се пресмета со охриѓанецот. Србинот физички го нападнал и го удирал со рацете и нозете по главата. Овие удари беа смртоносни за 27-годишниот Матилоски, кој веднаш откако бил однесен во охридската болница им подлегнал на повредите.

По убиството, двајцата другари на Б.У кој е главен осомничен за смртта на охриѓанецот, се вратиле во „Табана”. Обидувајќи се да го прикријат делото, тие го сместиле Б.У во соба на нивни пријателки, а подоцна кога се осигурале дека е безбедно, го вратиле во неговата соба.

Таму ги пронашла полицијата, каде освен тоа нашла и траги од крв на дел од облеката на првиот осомничен.

За целосно расчистување на настанот, СВР Охрид спроведува постапката за препознавање на сега притворените како и анкетирање на очевидци и вработени во угостителскиот објект „Табана“, а телото на младиот Матилоски е дадено на обдукција.

Од скопското обвинителство информираа дека првоосомничениот се гони за убиство на свиреп начин, кривично дело за кое му се заканува затвор од најмалку десет години. Другите двајца ќе одговараат за помагање.

Слично

Поврзани вести