Економија, финансии, бизнис

Контакт

(СИТЕ АУДИО СНИМКИ) Заев: Груевски ја нарачал амнестијата за хашките случаи

(СИТЕ АУДИО СНИМКИ) Заев: Груевски ја нарачал амнестијата за хашките случаи

Од седиштето на опозицијата , лидерот Заев објави нова серија аудио разговори како дел од проектот „Вистината за Македонија“.

Тој пред да почне да ги објавува наводните преслушувани аудио разговори рече дека ќе ја симне најсаканата маска на Никола Груевски, кој за да остане на власт ќе направи се, без око да му трепне ги фрла во оган неговите соработници за да ја обезбеди само неговата премиерска функција.

Заев објави листа со пратеници кои гласале во Собрание за амнестија на хашките случаи, според него министерката Јанкуловска се појавила на седницата, но не гласала, а министерот за финансии Зоран Ставрески воопшто не се појавил на седницата.

Во друг разговор, според Заев премиерот Груевски, бара неговата секретарка да им наложи на сите пратеници да се појават во собрание да обезбедат кворум и да гласаат за хашките случаи, дури и министрите кои по парламентарните избори во 2011 година беа пратеници.

Имаше разговор во кој министрите Гордана Јанкулоска и Зоран Ставрески смислуваат изговори како да го избегнат гласањето, па Јанкулоска вели дека ќе се појави но ќе излезе од гласање, додека Ставрески истакнува дека се оправдал дека го чува детето. Сепак, по налог на Груевски, тие велат дека ќе се појават во парламентот, иако, како што нагласи Заев, на крајкот сепак не присуствувале, односно не гласале.

Во еден од наводно снимените разговори се слуша разговор меѓе министерката Гордана Јанкулоска и Биљана Бришковска од Министерството за правда со која договараат како да се состави текстот за амнестија на Хашките случаи, за да наидат на што помала критика од јавноста. Тогаш Бришковска ја потсетува министерката дека Комитетот за туртура ја исклучува амнестијата кај овие случаи, што значи дека мора да се завршат во домашните судови, поради што се ставени во ситуација кога не можат да го напишат мислењето. Министерката Јанкулоска, пак, ја советува мислењето да го напишат неразбирливо, но и потенцира дека тогашниот министер за правда, Михајло Маневски, не сака да го потпише мислењето.

Министерката во разговорот додава и дека два дена не спиела од мака, но истакнува дека работата морала да се заврши, а одговорноста ќе ја превземе Собранието, каде што на крајот се изгласа амнестијата.

Слушнете ги сите разговори во видеото подолу.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/F9dyPs00-t8[/embed]
Слично

Поврзани вести