Економија, финансии, бизнис

Контакт

Систем за парно греење се гради во Косово

Систем за парно греење се гради во Косово

Косовската Влада инвестира во инсталирање систем на парно греење, кој целосно ќе покрие неколку области се со цел да обезбеди максимално греење со помалку трошоци и експлоатација на природните ресурси.

Системот ќе биде со должина од 11 километри, од косовската електрокорпорација, КЕК па до Приштина, а ефектите ќе се видат на есен.

Моментно работите се фокусирани на третиот километар од цевководот. кој ќе транспортира топла вода од постројките на КЕК до електраната „Термокос“ во Приштина.

За Премиерот Хашим Тачи овој проект е еден од најбитните, бидејки е од витално значење за граѓаните на Приштина.

- Ова е најсовремен проект во регионот, кој ќе обезбеди парно греење. Работите се одвиваат според планираната динамика, изјави Тачи, додавајќи дека по завршувањето на овој проект затоплувањето нема да претставува проблем за жителите на Приштина.

Директорот на „Термокос“ Арсим Јанова тврди дека работите се одвиваат со неверојатна брзина, додавајќи дека жителите на Приштина до последниот квартал од годинава ќе имаат доволно централно греење.

Проектот за парно греење ќе чини 30 милиони евра, од нив 25 се неповратни средства од европските земји, додека пет се дел од кредитот обезбеден од германската банка за развој, КФВ. 

Слично

Поврзани вести