Сиромаштијата во Македонија изнесува 31%
И во 2011 година во Македонија е измерена огромна стапка на сиромаштија која изнесува 31 процент. Што значи дека секој трет македонец живее во сиромаштија. Инаку денеска беше промовиран годишниот извештај за сиромаштија и социјална исклученост за 2011 година. Годишниот извештај е направен во неколку градови во Македонија, а ги опфака сите региони и истиот има за цел да направи проценка и анализа на политиките за борба против сиромаштијата
- Неопходни се итни мерки за справување со сиромаштијата , иако нема универзални дефиниции и мерки за борба против сиромаштијата, овој извештај треба да биде основа врз која надлежните треба да работат за да се искорени сиромаштијата, изјави австрискиот амбасадор во Македонија Томас Михаел Бајер.
Слично
