Економија, финансии, бизнис

Контакт

СИРОМАШТИЈА ВО ЕВРОПА: Македонија на дното заедно со Албанија и Босна

СИРОМАШТИЈА ВО ЕВРОПА: Македонија на дното заедно со Албанија и Босна

Македонија економски е на дното во Европа заедно со Албанија и Босна. 

Македонија е трета најсиромашна земја во Европа, а посиромашни од нашата земја се само Албанија и Босна и Херцеговина, со БДП од околу 31 отсто од просекот на ЕУ, објави Евростат.  Нив ќе им требаат децении за да ги достигне економските стандарди на остатокот од ЕУ и имаат слаб економски потенцијал. Земји со најголем БДП во Европа се Луксембург и Ирска, двете со 93 отсто над просекот на ЕУ, како и Швајцарија, Норвешка, Данска и Холандија. Во ЕУ, Бугарија е најлошо пласирана со 47 отсто од просекот на ЕУ. Србија и покрај највисоко ниво на странски инвестиции е на четврто најниско место. 

БДП по глава на жител се движел од 53 отсто од просекот на ЕУ во Бугарија до 260% во Луксембург. 

Осумнаесет земји-членки се под просекот на ЕУ, девет земји-членки забележале AIC по глава на жител над просекот на ЕУ во 2019 година. Највисоко ниво во ЕУ е забележано во Луксембург, 35 отсто над просекот на ЕУ, пред Германија (22 отсто над просекот). Зад нив се Австрија, Данска, Белгија, Холандија, Финска, Франција и Шведска со нивоа од 9 до 18 отсто над просекот на ЕУ. 

Слично

Поврзани вести