Економија, финансии, бизнис

Контакт

СИРОМАШТИЈА: Се продлабочува кај повеќечлените семејства!

СИРОМАШТИЈА: Се продлабочува кај повеќечлените семејства!
Се продлабочува стапката на сиромаштија кај повеќечлените семејства. Според т.н Лаекен инидкатори изработени од Државниот завод за статитиска, лани дури 51,1 процент од домаќинствата со двајца возрасни и две и повеќе деца живеел во сиромаштија, што пораст за 2 проценти повеќе од претходната 2013-та година. Стапката на сиромаштија кај домаќинствата со двајца возрасни и две издржувани деца лани била 25 проценти или за 0,2 проценти поени повеќе од 2013-та година. А податоците покажуваат и пораст на стапката на сиромаштија кај домаќинствата со двајца возрасни и едно издржувано дете. -Повеќедетните семејства секогаш спаѓаат во оние категории граѓани кои се подложни на поголем ризик од сиромаштија. Кога Владата веќе стимулира семејства со повеќе деца треба посебно внимание да му посвети на решавањето на проблемот со сиромаштијата токму кај семејствата со повеќе деца, вели Здравко Савески од левичарската партија „ЛЕВИЦА". Статистчките податоци според дел од експертите се показател дека владините мерки за оваа категорија на граѓани не го даваат очекуваниот ефект. -Загрижувачки е што се зголемува стапката на сиромаштија кај домаќинствата со три и повеќе деца. Од друга страна изминативе години а и сега се актуелни популациони политики кои што ги префираат повеќедтените семејства. Но кога ќе се погледнат статистичките податоци треба да се земе во предевид дека и покрај популационите политики, ние мораме овие многудетни семејства да ги покримее со соодветна социјална заштита, особено што висината на социјалната помош не се зголемува за семесјтвата со над три и повеќе деца. Односно доколку во домаќинството има двајца родители и три деца земаат иста праична социјална помош како и домаќинство со четери и повеќе деца, вели универзитескиот професор Маја Геровска Митев. Минатата година стапката на сиромаштија била 22,1 процент, и во однос на претходната 2013-та година се намалила за 2,1 процентни поени. Речиси една четвртина од граѓаните во земјава живеат на прагот на сиромаштијата. Но дали ваквото намалување нивото на сиромаштија и реално се чувствува? -Голем број граѓани во Македонија чувствуваат на своја кожа како осиромашуваат, особено во последните години. Оттука, зачудувачки се податоците кои ги пласира Заводот за статистика последните години за сиромаштијата. Не само што не се забележува пораст на сиромаштијата, туку се бележи драстично намалување, за 4% за само две години. Намалување на стапката на сиромаштија од 26% на 22% за само две години не може да биде незабележливо со „голо око“. Зачудувачки се и податоците за драстичното намалување на Џини индексот, односно на јазот помеѓу богатите и сиромашните, а можеби најчудни се податоците дека сиромаштијата кај вработените е поголема кај мажите отколку кај жените. Особено имајќи предвид дека текстилната индустрија, во која работат доста жени, е најслабо платената индустриска гранка.Од оваа гледна точка на несовпаѓање на трендовите на сиромаштија во реалниот живот и статистичките податоци пласирани од Заводот за статистика, прашање е дали има поента да се анализираат трендовите на зголемување и намалување на сиромаштијата кај одредени категории граѓани. Зашто, доведена е до сомнеж научната ригорозност на Заводот за статистика, вели Савески. Дел од експертите сметаат дека намалувањето на сиромаштијата повеќе се должи на методологијата за пресметка, отколку на реалната состојба. -Намалувањето од 2,1 процентен поен мислам дека повеќе се должи на одредени методолошки објаснување на начините на мерење на сиромаштија, репрезентативноста на примерокот врз основа на кој што вршат овие премсетки отколку што навистина можеме да кажаеме дека има такво реално намалување на сиромаштијата, вели Геровска Митев. Најдлабока стапка на сиромаштија има кај невработените и кај децата Лаекен индикаторите покажуваат дека сиромаштијата е најдлабока кај невработените лица 40,4 проценти и кај децата 29 проценти. Благ пад се забележува на сиромаштијата кај вработените која лани изнесувала 9,8 проценти, а во 2013-та била 11,1 процент.Стапката на сиромаштија кај пенионерите лани изнесувала 8,4 проценти, а во 2013-та година била 10.9 проценти. Пад од само 2 проценти е регистриран на нивото на сиромаштија на граѓаните кои земаат социјална помош, што според експертите укажува на тоа дека паричната социјална помош не е доволна за намалување на сиромаштијата кај социјално ранливите категории на граѓани. - Имаме податок во статистиката кој што покажува дека социјалните трансфери со исклучок на пензиите немаат голема ефективност поголема од два прценти. Ако се погледнат трансферите можеме да кажаме дека пензиите влијаат врз намалување на сиромаштијата, а другите трансфери воопшто не влијаат или многу малку но не и другите трансфери. Поразително е што податоците укажуваат дека во Македонија во 2014-та година дури 29 проценти од децата живееле во сиромаштија. Во тој контекст, имањето на деца апсолутно претставува дополнителен трошок особено имајќи ги во предвид образовните потреби. Поразително е за секоја држава ако се погледне фактот дека скоро 10 проценти од вработените живеат во ризик на сиромаштија, Значи имањето на регуларен приход не ве лишува од ризикот од сиромаштија, и тоа само по себе доказ дека не само она што значи загарантирана минимална плата туку и другите видови на поддршки треба да се зајакнат, зголемат и насочат за да имаме состојба да ако си вработен нема да биде во ризик од сиромаштија, бидејќи тоа на некој начин влијае морално и на оние што се невработени, вели Геровска Митев. Решавањето на проблемот со сиромаштијата социолозите го лоцираат во зголемување на паричната социјална помош.Укажуваат дека овие статистички показатели треба да се земат во предвид за да се насочат конкретно социјалните мерки кон социјално-ранливите категории на граѓани.Според метологијата на Светска банка, за сиромашен се смета секој кој живее со помалку од 100 денари дневно.Податоците од европскиот завод за статистика Евростат за паритетот на куповната моќ, покажуваат дека стандардот на просечениот Македонец изнесува само 36 отсто од стандардот на Европјанинот,што ја рангира Македонија како трета најсиромашна земја во Европа. Р.Ф
Слично

Поврзани вести