Економија, финансии, бизнис

Контакт

СИРОМАШТИЈА: Расте кај многудетните домаќинства, се намалува кај пензионерите!

СИРОМАШТИЈА: Расте кај многудетните домаќинства, се намалува кај пензионерите!

Лани во Македонија под прагот на сиромаштијата живееле 444. 500 луѓе.Стапката на сиромаштија споредено со претходната 2014 година е благо намалена односно за 0,6 проценти поени, и изнесува 21,5 проценти. Ако се анализира по категории на домаќинства, сиромаштијта се зголемува кај самохраните родители, самците и многудетните семејства. 

Така, стапката на сиромаштија кај домаќинства на двајца возрасни со три и повеќе издржувани деца е 52,2 отсто, а во 2014 година била 51,1 %. Стапката на сиромаштија самохран родител со издржувани деца изнесувала 23,4 проценти, за разлика од 2014 година кога била 22 проценти Кај домаќинствата на двјца возрасни со едно издржувано дете стпката на сиромаштија лани била 20,9 проценти што е повеќе за 3 процентни поеени повеќе од претходната 2014 годин.

Пораст на стапката на сиромаштија е регистран и кај самечките домаќинства односно еден возрасен член помлад од 65 години.Од друга страна, ако се анализира категоријата на домаќинства каде има намалување на сиромаштијата, загрижувачки е дека  стапката е намалена најмногу кај домаќинствата кои немаат деца, што е очекувано со оглед на тоа дека издадотицте за живеачка кај оваа категорија се помали во однос на многубројните домаќинства. И токму ова категорија практично влијае врз намалување на вкупната стапка на сиромаштија. Намалување на сиромаштијата е регистрирано и кај со три и повеќе возрасни, двајцата возрасни помлади од 65 години, домаќинства на двајца возрасни со две издржувани деца.

Стапка на сиромаштија по тип на домаќинства 2013-2015

2013

2014

2015

Домаќинства без издржувани деца

19,5

16,5

14,1

Самечки домаќинства (еден возрасен член помлад од 65 години)

15,6

13,5

14,8

Самечки домаќинства (еден возрасен член на возраст од 65 години и повеќе)

6,5

7,1

6,8

Самица

7,6

6,9

7,3

Самец

11,9

13,3

12,6

Домаќинства на двајца возрасни помлади од 65 години

20,3

23,2

19,4

Домаќинства со три и повеќе возрасни

21,0

16,4

13,5

Домаќинства со издржувани деца

26,5

25,0

25,2

Самохран родител со издржувани деца

29,9

22,0

23,4

Домаќинства на двајца возрасни со едно издржувано дете

16,7

17,9

20,9

Домаќинства на двајца возрасни со две издржувани деца

24,8

25,0

22,8

Домаќинства на двајца возрасни со три и повеќе издржувани деца

49,9

51,1

52,2

Домаќинства на двајца возрасни

19,2

18,9

16,9

Податоците покажуваат дека најсиромашни се невработените лица каде стапката на сиромаштија изнесува 39,9 проценти и има благо намалување во споредба со 2014 година и 2013 година. Кај вработените лица стапката на сиромаштија изнесува 9 проценти односно за 0,8 процентни поени помалку од 2014 година. Намалување на сиромаштијата е регистрирано  кај пензионерите.

2013

2014

2015

Вкупно

Мажи

Жени

Вкупно

Мажи

Жени

Вкупно

Мажи

Жени

Total

Male

Female

Total

Male

Female

Total

Male

Female

Вработени

11,1

11,8

10,0

9,8

11,0

7,8

9,0

10,2

6,9

Невработени

43,7

51,3

34,2

40,4

44,0

35,7

39,9

45,2

33,3

Пензионери

10,9

15,1

3,2

8,4

11,8

2,6

7,2

9,8

2,7

Други неактивни лица

29,2

25,8

29,8

26,1

23,4

26,7

26,4

24,6

26,8

Загрижува податокот според кој најголема е сиромаштијата кај децата односно лицата од 0-17 години и изнесува 28,5 проценти. Во споредба со 2014 и 2013 година стапката на сиромаштија кај оваа категроија е благо намалена.

2013

2014

2015

Вкупно

Мажи

Жени

Вкупно

Мажи

Жени

Вкупно

Мажи

Жени

Total

Male

Female

Total

Male

Female

Total

Male

Female

Вкупно

24,2

24,6

23,9

22,1

22,3

21,9

21,5

21,4

21,5

0-17

30,9

31,0

30,9

29,0

29,2

28,9

28,5

28,2

28,8

18-64

23,6

24,0

23,2

21,4

21,4

21,4

20,7

20,7

20,7

65 и повеќе

16,5

16,1

16,8

14,5

14,8

14,1

14,4

13,2

15,3

Според лаекен индикаторите, социјалните трансфери влијаеле за намалување на сиромаштијата, но сепак не во голема мера ако се земе во предвид дека секоја година се зголемуваа социјалната помош и пензиите.

2013

2014

2015

Стапка на сиромаштија после социјалните трансфери

24,2

22,1

21,5

Стапка на сиромаштија пред социјалните трансфери

41,0

41,7

40,5

Стапка на сиромаштија пред социјалните трансфери со вклучени пензии

26,8

24,8

24,8

Живот на „шкрги“

Јазот меѓу оние кои имаат највисоки и оние кои имаат најниски приходи или т.н Џини индекс е намален за само 1,4 проценти. Статистичките податоци покажувааат дека само 9% од вработените земаат повисока плата од 20,000 денари а 2,3% повеќе од 30,000, додека останатите преживуваат со околу 200 евра месечно. Токму поради разликите меѓу месечните приходи и трошоци за живот висок процент од граѓаните не можат да задоволат ниту основните животни потреби. Последните податоци за синдикална минимална кошница покажуваат дека на едно четеричлено семејство за да го истурка месецот му се потребни 32.325 денари. Најголеми или скоро 75 проценти од трошоците се за исхрана и плаќање сметки. Едно од истражувањата на Институтот за економски истражувања и политики „Finance think”, покажува дека 43.2% од граѓаните на Македонија се сиромашни или социјално исклучени,  35.7% сериозно материјално обесправени односно не можат да си задоволи барем 4 од 9 основни животни потреби, а дури 22,1 процент месечно живеат со 7.200 денари. Високи 54 проценти од граѓаните не можат да си дозволат оброк со месо или риба секој втор ден, 40,3 отсто не можат да платат комуналии и кирии, 26,3 проценти не можат да го затоплат сопствениот дом, скоро 11 проценти од граѓните не можат да си дозволат да посетат доктор.

Според метологијата на Светска банка, за сиромашен се смета секој кој живее со помалку од 100 денари дневно. Податоците од Европскиот завод за статистика за паритет на куповна моќ, покажуваат дека стандардот на просечниот македонец изнесува само 35 отсто од стандардот на европеецот, што ја прави Македонија трета најсиромашна земја во Европа. Од друга страна според Националниот извештај за милениумски развојни цели, лани Македонија требаше да има стапка на сиромаштија од  9,5 проценти, но целта сеуште не е остварена, а сиромаштијата во Македонија е далеку од овие 9,5 проценти.

Т.С

Слично

Поврзани вести