Сиромаштија од 27,1%: На удар – многудетните семејства !
За незначителни 0,2 процентни поени се намали стапката на сиромаштија за една година. Според најновото статистичко мерење “Лаекен индикатор за сиромаштија“, објавено со задоцнување од шест месеци, стапката на сиромаштија во 2011 та година изнесувала 27,1%. Годината претходно, или во 2010 та стапката на сиромаштија била 27,3%. Спред најновите мерења и натаму најранливи се многудетните семејства а најдлабоката стапка на сиромаштија има кај невработените лица. Пензиите и социјалните транфесери остануваат амортизер за вкупната слика со сиромаштијата, балансирајќи ја вкупната состојба. И покрај овие приходи, истражувањето спроведено според европска методологија, покажува дека во сиромаштија живеат и социјалците и пензионерите.
Во земјава има 545 200 сиромашни – не можат да ги задоволат основните животни потреби!
Без социјалните транфери и пензиите – стапката на сиромаштија во земјава изнесува 47,1%. Во земјава во 2011 та година под линијата на сиромаштија живееле 545 200 лица, или секој трет граѓанин не можел да ги задоволи основните животни потреби.
Според анкетата на статистичарите, и натаму најранлива категорија на домаќинства се многудетните семејства, каде е измерена и најдлабока стапка на сиромаштија од 57%. Станува збор за домаќинства со двајца возрасни и со три или повеќе издржувани деца. Следуваат и семејствата на самохран родител со издржувани деца кај кои стапката на сиромаштија изнесува 38,3%. Еве каква е состојбата кај другите категории на домаќинства:
Еве какви стапки на сиромаштија измери статистиката:Анализирано според економскиот статус, најдлабока сиромаштија има меѓу невработените, но не се поштедени ниту пензионерите, па дури и дел од оние што работат – живеа во сиромаштија.
На удар на сиромаштијата и натаму се најмладите, или кај лицата до 17 години стапката на сиромаштија изнесува 35,6%, потоа кај лицата од 18 до 64 стапката изнесува 25,9% а кај оние што имаат повеќе од 65 години таа изнесува 21%.
Месото и рибата – луксуз за 57% од населението!
Скоро 38% од населението не може да плаќа сметки за комуналии, рати во банка или кирија. Еднонеделниот одмор во текот годината е луксуз за 72,2% а скоро 57% од населенето не може да си дозволи месо и риба на трпезата секој втор ден.
Анкетата “Лекен индикатор на сиромаштија“ покажува дека неочекуваниот трошок би бил “шок“ за 64,3% од граѓаните и тие доколу се соочат со такво нешто, нема да можат да го платат од сопствени средства. Дури 26,9% од населението не може адекватно да го затопли сопствениот дом а 22,8% не можат да поседуваат автомобил.
Сумирано 40,7% од населението не е во состојба да задоволи барем 4 од 9 посочени потреби. Истражувањето покажува дека според овој критериум, и натаму сериозни материјално обесправени најмногу се младите до 17 години или 43,7% од нив не можат во целост да ги задоволат животнните потреби. Следуваат лицата постари од 65 години, дури 41,2% од нив се соочуваат со овој проблем додека 39,7% од лицата од 18 до 64% години се вброени во сериозно материјално обесправени.
Стапката на сиромаштија кај социјално исклучените лица изнесува 50,9%.
Во однос на европскиот просек, македонските граѓани и натаму се вбројуваат во групата на најсиромашни со само 35% од стандардот на просечниот Европеец.
Во недамнешното истражување што го спроведе лондонски “Економист“, земјава во друштво со Албанија, Белорусија, Кипар, Португалија, Хрватска, беше рангирана во групата на земји со висок ризик од социјални немири а како клучен фактор за тоа се посочи токму економската состојба.

Слично