Сиромашна земја има раст на БДП од 8.2 отсто
Индија има раст на БДП од 8.2 отсто.
Во вториот квартал од фискалната 2025/2026 година, реалниот бруто домашен производ (БДП) на Индија порасна за 8,2 проценти во споредба со истиот период во фискалната 2024/2025 година, објави Националниот завод за статистика (NSO).
Индиската економија забрза во кварталот што заврши во септември, поддржана од силната лична потрошувачка и производството во услови на нестабилност на глобалната трговија, покажаа податоците од Заводот за статистика во петокот.
Во претходните три месеци се зголеми за 7,8 проценти.
Податоците за периодот од јуни до септември 2024 година покажаа зголемување на активноста од 5,6 проценти.
Индиската економија со тоа ја надмина стапката на раст од осум проценти и покрај притисокот од американските тарифи врз увозот на индиска стока, кои се удвоија во септемврискиот квартал, достигнувајќи дури 50 проценти, забележува Ројтерс.
Додадената вредност во производствениот сектор порасна за 9,1 процент, а слична стапка на раст е забележана и во услужниот сектор, што одразува скок првенствено во финансискиот, недвижнинскиот и професионалниот сектор. Во градежништвото, се зголеми за 7,2 проценти.
Активноста во земјоделскиот сектор, сепак, порасна за само 3,5 проценти, додека комуналните услуги како што се снабдувањето со електрична енергија, гас и вода пораснаа за 4,4 проценти, што сигнализира послаб период за овие сегменти од економијата, пренесува Poslovni.hr.foto Wikipedia/V952010
