Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Сириза“ води само со 1% пред „Нова демократија“ пред изборите во Грција

„Сириза“ води само со 1% пред „Нова демократија“ пред изборите во Грција

Партијата на поранешниот премиер Алексис Ципрас - „Сириза“ - води со само 1% пред главната опозициска партија „Нова демократија“ во ставовите пред предвремените избори во Грција, кои ќе се одржат на 20 септември, покажуваат резултатите од последното истражување на јавното мислење.

Во август Ципрас поднесе оставка откако неговата влада успеа да договори нова тригодишна спасувачка програма за 86 милијарди евра со меѓународните кредитори од Европската унија и ММФ и најави предвремени избори во земјата, надевајќи се дека на тој начин ќе ја „исчисти“ „Сириза“ од екстремната левица и членови кои се против новата финансиска помош и потпирајќи се да освои убедливо мнозинство за да формира самостоен стабилен кабинет.

Резултатите од последните анкети на јавното мислење во Грција покажуваат дека разликата помеѓу „Сириза“ и „Нова демократија“ продолжуваат да се топат и веќе е само околу 1%, откако во мај партијата на поранешниот премиер Ципрас водеше убедливо со цели 15% пред својот главен конкурент во лицето на грчката десница.

Според истражувањето на агенцијата „Pulse“ за телевизискиот канал „Actiocn 24“, „Сириза“ ја ужива довербата на 26% од грчките гласачи, додека за „Нова демократија“ би гласале 25%, како повеќе од две третини од анкетираните изјавуваат дека биле разочарани од седуммесечното управување на поранешниот премиер Ципрас. Последното истражување на јавното мислење, исто така, покажува дека за неофашистката партија „Златна зора“ би гласале 6% од Грците, додека 10,5% од учесниците во анкетата сеуште не се одлучиле како ќе гласаат на изборите на 20-ти септември.

Според агенцијата „Pulse“ поранешниот коалициски партнер на Алексис Ципрас - партијата „Независни Грци“ во оваа фаза не успева да ги надмине трипроцентниот праг, за да влезе во следниот парламент, додека новоформираната партија „Национално единство“, која беше формирана неодамна од екстремната левица претставници на „Сириза“, уживаше доверба во рамките на 4% и ќе учествува во новиот парламентарен живот на земјата. Последното истражување исто така покажува дека околу 24% од Грците би сакале формирање на голема коалициска влада меѓу „Сириза“ и „Нова демократија“ со учество и на други партии претставени во новиот парламент, 21% стојат зад коалициска влада предводена од „Нова демократија“ и само 17% - зад заедничко управување, на чело со „Сириза“.

Слично

Поврзани вести