Економија, финансии, бизнис

Контакт

„СИРИЗА“ и „Нова Демократија“ израмнети во пресрет на изборите

„СИРИЗА“ и „Нова Демократија“ израмнети во пресрет на изборите

Грчката радикална левица „СИРИЗА“ има 0,5-процентна предност пред конзервативната партија „Нова Демократија“ во пресрет на предвремените избори на 20 септември, пренесоа агенциите, повикувајќи се на новото анкетирање на јавното мислење.

Анкетата на социолошката агенција „Пулс“ за сајтот „Банкинг њуз“ покажува дека партијата на Алексис Ципрас може да добие 27 проценти на изборите, а Нова демократија 26,5 проценти.

Анкетата покажува дека екстремната десница „Златна Зора“ може да добие 6,55 проценти од гласовите и да се најде на третото место.

„Независни Грци“ - досегашниот коалиционен партнер на Ципрас, се очекува да добијат 2,5 проценти од гласовите, што е под прагот од 3 проценти за влез во парламентот.

35 проценти од Грците сакаат партиите на првите две места да ја состават владејачка коалиција, покажува анкетата.

Ципрас досега не ја исклучил оваа опција, но лидерот на „Нова демократија“, Евангелос Меимаракис изјавил дека е отворен за таквата соработка.

Слично

Поврзани вести