Економија, финансии, бизнис

Контакт

„СИРИЗА“ го испушта првото место во битката за нов мандат

„СИРИЗА“ го испушта првото место во битката за нов мандат

Само пред една недела аналитичарите предвидуваа лесна победа на „СИРИЗА“ на експресните предвремени избори, закажани за 20 септември. Лидерот на партијата Алексис Ципрас се радуваше на извонредна поддршка од Грците, а партиите во опозиција беа изненадени од одлуката на премиерот да поднесе оставка.

Неодамнешните студии ги покажуваат суштинските промени на ставовите во грчкото општество. Разликата помеѓу „СИРИЗА“ и „Неа демократија“ веќе е минимална - во рамките на 1-2 процентни поени, а последното истражување на „GPO“ нарачано од телевизија „Mеga“, дури покажува дека „Неа демократија“ ја претркала „СИРИЗА“, иако со минимални 0,3 поени, пишува „Катимерини“.

Се скратува и разликата во одобрението за лидерите на двете водечки партии - Алексис Ципрас уште е најпопуларниот политичар во Грција, но веќе со 28,8% одобрување. Зад неговите потпетици е Евангелос Меимаракис, кој добива 27% одобрување.

Според последното истражување на „GPO“ третата политичка сила во грчкиот парламент е националистичката „Златна зора“, која би добила 5,5% од гласовите на Грците, ако изборите би се одржале денес. Поддршката за партијата останува речиси непроменета во однос на последните избори.

Поранешното лево крило на „СИРИЗА“ - „Национално единство“, предводено од Панајотис Лафазанис, исто така ќе биде во следниот парламент, според истражувањето на „GPO“. Новата формација ќе добие 4%. Засега пратеници ќе успеат да го постигнат и досегашниот партнер на „СИРИЗА“ - „Независните Грци“ (ANEL).

Слично

Поврзани вести