Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сириза: Ако Грција банкротира поради долгот, ќе се распадне еврозоната

Сириза: Ако Грција банкротира поради долгот, ќе се распадне еврозоната

Нереално е да се очекува Грција во потполност да го исплати својот долг, изјави главниот портпарол за економија од грчката радикална левичарска партија Сириза за британскиот Би-Би-Си.

„Никој не верува дека грчкиот долг е одржлив“, вели потпаролот на Сириза Еикрид Цакалос.

„Сѐ уште не сум сретнал економист кој вистински верува дека Грција во целост ќе ги исплати своите долгови. Тоа е невозможно“, вели Цакалос и дополни дека лидерите на Европската унија требале да покажат подготвеност да соработуваат со Сириза.

„Европа ќе стане многу чудна и опасна, со многу силни центифугални политички сила, ако покаже дека не е подготвена да разговара со новата влада, избрана на демократски одржаните избори“, потенцира Цаколос. „Тоа ќе биде конечен сигнал дека се работи за Европа, која не може да прифати демократски или опшествени промени“, вели портпаролот на Сириза дообјаснувајќи дека неговиот најлош кошмар е „еврозоната да се распадне поради банкрот на Грција“. „Ако Грција банкротира и излезе од еврозоната, еврозоната тогаш ќе се распадне. Ние од почетокот зборуваме дека еврозоната е во опасност и дека еврото е во опасност, ама не од Сириза, туку поради политиките за штедење“, предупредува Цакалос.
Слично

Поврзани вести