Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сириските бегалци ја чинеле 8,5 милијарди долари Турција

Сириските бегалци ја чинеле 8,5 милијарди долари Турција

Турција ќе продолжи да им помага на сириските бегалци, но инсистира на поефикасни мерки за справување со миграциската криза. Ова го изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на состанок во Анкара, пренесоа агенциите.

„Само за бегалците кои живеат во камповите, ние потрошивме 8,5 милијарди долари. Но, она што го направивме, не треба да се оценува од материјална гледна точка. Турција не го стори тоа по нечија наредба. Луѓето дојдоа на нашите граници, за да се спасат од бомбите, и ние ги отворивме границите“, изјавил Ердоган.

Според него земјите од ЕУ треба да го земат предвид овој факт, кога разговараат за прашањето на одвојување на средства за мигрантите.

Претходно денеска Германија најави дека ќе враќа бегалците во првата земја од ЕУ во која влегле.

Слично

Поврзани вести