Сиријци, Пакистанци, Авганистанци: Фатени мигранти кои се криеле во липковскиот крај
Околу триесетина мигранти се фатени во Липковско.
Тие спиеле речиси под отворено небо во атарите на селата Ваксинце и Лојане.
Надлежните информираат дека тие потекнуваат од Сирија, Пакистан, Авганистан и Мароко.
Акцијата се спроведувала утрово во 2 часот по полноќ. Пред да ја спроведе МВР изготвила план за откривање и пронаоѓање на илегални мигранти кои престојуваат на отворен простор во тој регион.
За откриените мигранти следи постапка.
Слично
