Сириец со пропусница од ИСИС незабележанo ја минал Македонија
Мигрант е уапсен во Србија под сомнение дека е припадник на Исламската Држава.
Тој Македонија ја минал без проблем, иако во џебот имал пропусница од ИД, која му овозможува слободно да се движи по териториите кои се под контрола на ИСИС.
Српските безбедносни служби му го нашле документот на Сириецот и веднаш го привеле.
Бидејќи српската БИА се сомнева дека тој е можен терорист бегалецот е уапсен и се проверува неговото минато.
Слично
