Економија, финансии, бизнис

Контакт

Синот на Вучиќ ги служеше со вино Ковачевски и Абазовиќ

Синот на Вучиќ ги служеше со вино Ковачевски и Абазовиќ

Синот на српскиот претседател Александар Вучиќ, Данило Вучиќ, кој работи во винотека, синоќа на винскиот саем во рамки на „Отворен Балкан“ во Белград ги послужи со вино македонскиот и црногорскиот премиер - Димитар Ковачевски и Дритан Абазовиќ.

Вучиќ имаше забелешки кон својот син дека во последно време станал мрзелив, додека на овие коментари Ковачевски и Абазовиќ мудро молчеа.

Тука требаше да помогне син ми, но изгледа станал мрзелив...Зошто не помагаш, го праша Вучиќ својот син, а потоа продолжи:

- Понудете ги гостите, послужете вино, дајте чаши.. Тој работи во таа винарија, добра винарија е, син ми знае да послужи и се... Гледате како знае колку да налее. .додаде српскиот претседател.


Слично

Поврзани вести