Синот на Марина Туцаковиќ пред исчезнувањето објавил нејзин стих на Твитер
Синот на Марина Туцаковиќ, Милан Радуловиќ Лаќа (36) е пронајден мртов на улица во градот Тел Авив во Израел, објавија денеска српските медиуми. Лаќа во декември одлучил да отпатува во оваа земја.
Често одел со пријателите на забави и вечери во Израел. Пријателите велат дела бил ведар и расположен.
Тој на Твитер на 12 декември (токму кога било пријавено неговото исчезнување во Израел) цитирал стих од популарната песна на Светлана Цеца Ражнатовиќ „Кожа памти“ која ја напиша неговата мајка Марина Туцаковиќ.
Српски „Курир“ неофицијално дознава од Министерството за надворешни работи дека пријателот со кој Милан бил на патување во Израел пред три дена го пријавил неговото исчезнување. Бидејќи се работи за странски државјанин, во истрагата се вклучил и Интерпол. Телото во недела ќе биде транспортирано во Белград.
На социјалните мрежи се појави последната фотографија на Радуловиќ на која тој гледа во мобилниот телефон и учи хебрејски јазик.
Блиски другари на Лаќа откриваат дека кога последен пат се слушнале им јавил дека планира да се врати дома за празникот Свети Никола. Неговата мајка почина лани на 67 години. Таа синот Милош го загуби во 2008 година.
