Синот на Ердоган ги негираше обвинувањата дека тргува со нафта од Исламска држава
Синот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Билал Ердоган изјави дека ниту тој, ниту неговото семејство биле вмешани во незаконска трговија со нафта од терористичка организација „Исламска држава“ во окупираните територии во Сирија и Ирак.
„Ние градиме канцеларии во Истанбул, но не правиме бизнис во Сирија или Ирак.“ „Исламска држава“ е непријателот на мојата земја. Групата ја клевети мојата религија“- изјавил Билал Ердоган, пренесе Ројтерс.
Според него токму претседателот на Сирија Башар Асад е човекот кој заработува од нафтата, добиена од контролираните од „Исламска држава“ територии. „Ако ја следите нафтата на „Исламска држава“, ќе го најдете на крајот на патот на Асад“, смета синот на турскиот претседател.
Билал Ердоган ја коментира и темата за соборениот руски авион.
„Она што се случи со рускиот авион е непријатно, но должни сме да се концентрираме на реалните проблеми - „Исламската држава“ и иднината на Сирија.
Потсетуваме дека односите меѓу Москва и Анкара се влошија драматично откако турските воздухопловни сили го соборија рускиот Су-24. Потоа, Руското Министерство за одбрана соопшти дека турскиот претседател и неговото семејство се вмешани во незаконска трговија со нафта од ИД. Според властите, групата годишно заработува околу 2 милијарди долари од нелегалната трговија со нафта, и Турција е нивниот главен корисник.
Подоцна, турскиот претседател рече дека тој ќе му ги покаже на светот доказите за тоа дека Русија продава нафта, произведена во окупираните од територии во Сирија и Ирак од џихадистите. „Имаме докази и ќе ги претставиме пред светот“- рече тој.
