Економија, финансии, бизнис

Контакт

СИНОЌА: Шумски пожар на границата помеѓу Хрватска и БиХ

СИНОЌА: Шумски пожар на границата помеѓу Хрватска и БиХ

На брдото Горни Орев во близина на границата на Хрватска и Босна и Херцеговина синоќа избил шумски пожар, кој зафатил борова шума и се ширел кон врвот на брдото јавија хрватските медиуми.

Веднаш на местото на настанот се упатиле припадниците на доброволното пожарникарско друштво (ДВД) Вргорац.

Душко Мајиќ, дежурниот оперативен припадник рекол дека пожарот е под контрола на пожарникарите кои ќе се обидат да го санираат.

Повеќе информации очекуваме во текот на денот.

     
Слично

Поврзани вести